ФИ Јунска испитна сесија – академска 2023/2024 – термини за полагање
мај 31, 2024ФДМ Јунска испитна сесија – академска 2023/2024 – термини за полагање
јуни 3, 2024
„ПОЛНОЛЕТСТВО“ – ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА АРТ И ДИЗАЈН ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ, СКОПЈЕ
АКАДЕМСКА 2023/2024 ГОДИНА
Драги колеги и пријатели,
Факултетот за арт и дизајн оваа година го прославува своето полнолетство! Од основањето во 2006 година досега изминаа 18 години исполнети со многу креативност, учење и бројни достигнувања. Затоа и Годишната изложба за академската 2023 / 2024 година ја насловивме „Полнолетство“. Преку делата на студентите од графички, моден и ентериер дизајн ќе го покажеме процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот. Нашите дипломирани и магистрирани студенти, кои се наша гордост, успешно го применуваат стекнатото знаење во различни сфери и со тоа ја зацврстуваат позицијата на дизајнот како важна дисциплина во современото општество. И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус ќе прикажат нови трудови и свежи достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. Тие преку своите дела го осознаваа светот околу себе, се доближуваа до културното наследство, испраќаа моќни пораки за одржливост, екологија, инклузија, човекови права, уметничка слобода и свест за јавните добра.
Ве покануваме на отворањето на изложбата во Лабораториум, во халата на поранешната печатница во објектот на Европскиот универзитет во четврток, 6 јуни 2024, 20.00 часот. Адреса: бул. Св. Климент Охридски 68, 1000 Скопје
По официјалните обраќања и доделувањето благодарници, ќе следи настап на DJ Мелани Дигит.
Дојдете заедно да го прославиме полнолетството и да уживаме во креативноста на нашите талентирани студенти!
Срдечно,
Факултет за арт и дизајн