ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2023/24

ФДМ Мартовска испитна сесија – академска 2023/2024 – термини за полагање
март 18, 2024
ФДК прва колоквиумска сесија – летен 2023/2024 – термини за полагање
март 20, 2024
Прикажи ги сите

ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2023/24

Почитувани студенти,

Пријавувањето на првиот колоквиум во летниот семестар од академската 2023/24 година ќе се врши on-line во периодот од 18.03 до 22.03.2024 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на првиот колоквиум во летниот семестар ќе се спроведе во периодот од 01.04 до 05.04.2024 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање),  редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТЕН СЕМЕСТАР (2023/2024)

За секој поединечен предмет пополнете e-Пријава за колоквиум, а потоа доставете го пополнетиот формулар електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

Марија Цизалоска, [email protected]

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

Наталија Андреева Галевска, [email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

 

Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување, е достапен за преземање на следниот линк:

е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ

Надоместокот за пријавување е 460 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.

Уплатница [пример]