ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ МАРТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2023/2024

ФАД распоред летен семестар 2023-2024
февруари 23, 2024
ФДК Мартовска испитна сесија – академска 2023/2024 – термини за полагање
март 4, 2024
Прикажи ги сите

ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ МАРТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2023/2024

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите од мартовската испитна сесија во академската 2023/24 година ќе се врши on-line во периодот од 01.03 до 07.03.2024 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 18.03 до 29.03.2024 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за испитната сесија на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО МАРТОВСКА СЕСИЈА 2023/2024

Формуларот [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:

е-ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ [формулар]

За секој поединечен предмет пополнете е-Пријава за испит, а потоа доставете гo пополнетиот формулар електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

Марија Цизалоска, [email protected]

1.Факултет за дентална медицина

2.Факултет за дентална медицина – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

Наталија Андреева Галевска, [email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

Надоместокот за пријавување на испит е 620 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.