Почитувани студенти,
Пријавувањето на вториот колоквиум во зимскиот семестар од академската 2023/24 година ќе се врши on-line во периодот од 18.12 до 23.12.2023 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на вториот колоквиум ќе се спроведе во периодот од 09.01 до 12.01.2024 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР (2023/2024)
За секој поединечен предмет пополнете e-Пријава за колоквиум и е-Пријава за завршен испит, а потоа доставете ги и двата пополнети формулари електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
Марија Цизалоска, [email protected]
1.Факултет за дентална медицина
2.Факултет за дентална медицина – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
Наталија Андреева Галевска, [email protected]
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Надоместокот за пријавување е 460 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.
Уплатница [пример]
Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАВРШЕН ИСПИТ