Се известуваат сите студенти (апсолвенти) кои се заинтересирани за фотографирање за табло, да испратат електронска пошта со следните податоци: име и презиме на студентот, факултет на кој студираат и број на индекс на следната e-mail адреса: [email protected].
Пријавувањето ќе се изврши во период од 24.03.2023 година (пeток) до 31.03.2023 година (петок).
За термини за фотографирање ќе бидете дополнително известени.
Во продолжение можете да ја преземете Понудата за изработка на портрет фотографии.
Со почит.