Почитувани студенти,
Пријавувањето на првиот колоквиум во зимскиот семестар од академската 2022/23 година ќе се врши on-line во периодот од 01.11 до 07.11.2022 година.
Пријавувањето на испитите од ноемвриската сесија ќе се врши on-line во периодот од 01.11 до 07.11.2022 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на првиот колоквиум ќе се спроведе во периодот од 14.11 до 18.11.2022 година, а спроведувањето на испитите од ноемвриската сесија во периодот од 21.11.2022 до 30.11.2022.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101, 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ / ИСПИТИ ВО НОЕМВРИСКА СЕСИЈА (2022/2023)
За секој поединечен предмет пополнете e-Пријава за колоквиум / е-Пријава за испит, а потоа доставете гo пополнетиот формулар електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
Марија Цизалоска, [email protected]
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
Наталија Андреева Галевска, [email protected]
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Формуларот [e-Пријава за колоквиум] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ
Формуларот [e-Пријава за испит] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
Надоместокот за пријавување е 460 денари за колоквиум / 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.
Уплатница [пример]