ТРАНСФЕР ВО АКАДЕМСКАТА 2021/22 ГОДИНА

Online пријавување испити (февруарска испитна сесија 2021/2022)
јануари 31, 2022
ФЕН февруарска испитна сесија 2021/22 – термини за полагање
февруари 8, 2022
Прикажи ги сите

ТРАНСФЕР ВО АКАДЕМСКАТА 2021/22 ГОДИНА

Почитувани студенти,

Доколку сте заинтересирани за трансфер од друга високообразовна установа – искористете ја можноста да се запишете до второто затворање на матичната книга (најдоцна до 15.02.2022) со премин на некој од факултетите во состав на Европски Универзитет, следејќи ги претставените 5 чекори:

Преземете го електронскиот формулар-барање за трансфер од следниот линк: e-Барање за трансфер/упис до второ затворање на матична книга 2021/22

Подетални информации околу условите за упис, потребните документи и постапката за аплицирање можете да добиете од Конкурсот за трансфер со пренос на кредити и запишување студенти на прв и втор циклус студии (до второ затворање на матичната книга), објавен интегрално во продолжение:

Врз основа на чл.103 ст.1 т.3, чл.148 и чл.149 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ бр.82/18) и согласно чл.15 од Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти („Службен весник на РМ“ бр.102/18), Ректорската управа на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, го распишува следниот:

К О Н К У Р С

за трансфер со пренос на кредити и

запишување студенти на прв и втор циклус студии во студиската 2021/2022 година

до второ затворање на матичната книга

Трансфер со пренос на кредити и запишување студенти во студиската 2021/2022 година до второ затворање на матичната книга, се врши на акредитираните студиски програми од прв и втор циклус на следните факултети:

Факултет за економски науки Факултет за арт и дизајн
I циклус

4 год. студии

II циклус (4+1)  

I циклус

4 год. студии

II циклус
Бизнис менаџмент Бизнис менаџмент Арт и дизајн Арт и дизајн (4+1)
Маркетинг Маркетинг   Арт и дизајн (3+2)
Финансии Финансии    
  Здравствен и фармацевтски менаџмент    
  Факултет за детективи и криминалистика
I циклус

4 год. студии

II циклус
Криминалистика Безбедност (4+1)
   
Факултет за стоматологија Факултет за информатика
§ 5 годишни интегрирани академски студии

§ 3 годишни стручни студии за забни техничари

I циклус 4 год. студии,

Софтверско инженерство

ПРАВО НА УПИС ДО ВТОРО ЗАТВОРАЊЕ НА МАТ.КНИГА (трансфер и др.):

Право на упис на Факултетите во состав на Европски универзитет Скопје, до второто затворање на матичната книга, имаат :

  • студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот (трансфер);
  • студентите кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворање;
  • студентите кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви;
  • студентите кои побрзо напредуваат во студиите;
  • студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа, доколку високообразовната установа на која биле запишани престане да работи;
  • студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа;
  • странските студенти.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

 Пријава за упис (студенски приемен лист);

  • Барање за трансфер – може да сe добие во ЕУ или да се преземе од eu.edu.mk;
  • Уверение за положени испити од високообразовната институција од каде преминувааат (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Диплома за завршено четиригодишно средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Свидетелства од сите класови од средно образование (оригинал или копии заверени на нотар);
  • За упис на II циклус, Диплома и Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус на студии (во оригинал или фотокопија заверена на нотар);
  • Исписница од високообразовната установа од каде што ќе се врши трансферот на кредити (*по добивање согласност од Министерството за образование и наука);
  • Извод од матичната книга на родените (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
  • Фотокопија од индекс со последен заверен семестар како активен студент;
  • 4 –ри фотографии (стандардни димензии за пасош);
  • Лекарско уверение (за студентите кои аплицираат за упис на Факултетот за детективи и криминалистика);
  • Документ за доказ на оправданите причини за запишување при второто затворање на матичната книга на запишани студенти, доколку студентот се запишува според некои од тие услови и тоа: отпусна листа, односно отпусно писмо од болничко лекување за периодот за времетраење на терминот на запишување; извод од матичната книга на умрените доколку станува збор за смрт на потесен член на семејството на студентот; приемен број од Министерство за образование и наука на за отпочната постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ (СТУДЕНТИ ОД СТРАНСКА ВИСОКООБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА:

  • Пријава за упис (студенски приемен лист);
  • Барање за трансфер – може да сe добие во ЕУ или да се преземе од eu.edu.mk;
  • Оригинал Уверение за положени испити издадено од високообразовната установа каде има статус на студент и од која преминува на ЕУ и превод на Уверението од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Решение за еквиваленција на положените испити (по издадено уверение) од Министерство за образование и наука ;
  • Решение за нострификација за завршено средно образование во странство, издадено од Министерство за образование и наука ;
  • Решение за нострификација за високо образование во странство, издадено од Министерство за образование и наука (*за трансфер на II циклус студии);
  • 4 фотографии состандардни димензии за Пасош;
  • Фотокопија од решението со кое му се дозволува привремен престој, издадено од Министерството за внатрешни работи (*по добивање од МВР);
  • Оригинална диплома за завршено средно образование (за трансфер на прв циклус на студии), односно Оригинал Диплома за завршен прв циклус на студии и Уверение, (за трансфер на втор циклус на студии); (со апостил печат на дипломата за земјите-потписнички на Хашката Конвенција, а за останатите печат од МНР) и превод на дипломата од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Оригинал свидетелства за секоја завршена година и превод на свидителствата од овластен судски преведувач заверен на Нотар (за трансфер на прв циклус на студии);
  • Оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар;
  • Фотокопија од важечка патна исправа – Пасош, заверена на Нотар;
  • Лекарско уверение за општата психофизичка здравствена состојба на апликантот, издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка, (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци;
  • Сертификат, потврда или диплома за познавање на англиски јазик за студентите кои ќе изберат студиска програма која се спроведува на англиски јазик (ниво Б1);
  • Сертификат, потврда или диплома за познавање на македонски јазик (ниво Б1);
  • И други документи во случај на потреба и по барање на Универзитетот, во зависност од специфичноста на конкретен случај.

РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ТРАНСФЕР И УПИС:

Рокот за доставување на потребната документација, за трансфер на домашни и странски  студенти на прв и втор циклус студии од друга високообразовна институција на ЕУ Скопје, за академската 2021/2022 година, може да се врши најдоцна до 15.02.2022 година.

Документите се доставуваат лично во Студентска служба на адреса ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје,  бул. ,,Св.Климент Охридски” бр.68, 1000 Скопје, Р.Македонија, или online (*скенирани оригинали) на e-mail адресата: [email protected].

Запишувањето на студентите ќе се врши по претходно добиена писмена согласност од страна на Министерството за образование и наука.

Потребните информации за условите и постапката за трансфер, како и за трошоците за упис на студентите на прв или втор циклус на студии, заинтересираните лица можат да ги добијат на веб-страната на Европски Универзитет www.eu.edu.mk, непосредно во Службата за студентски прашања, на тел. броеви: 02/3202 100 и 02/3202 101 или на e-mail адресата: [email protected].

Напомена: Согласно одлуката на управниот одбор на ЕУ, студентите кои ќе се запишат на прв или втор циклус на студии со трансфер од друга високообразовна институција на ЕУ Скопје, во академската 2021/2022 година, немаат обврска за уплата на посебен надоместок за полагање на диференцијални испити.