Почитувани студенти,
Пријавувањето на вториот колоквиум во зимскиот семестар во академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 13.12.2021 до 17.12.2021 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на вториот колоквиум (колоквиумска недела) ќе се спроведе во периодот од 10.01.2022 до 14.01.2022 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР КОЛОКВИУМ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2021/2022
Формуларите [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:
е-ПРИЈАВА ЗА КОЛОКВИУМ [формулар]
е-ПРИЈАВА ЗА ЗАВРШЕН ИСПИТ [формулар]
За секој поединечен предмет електронски пополнете e-Пријава за колоквиум и е-Пријава за завршен испит, а потоа доставете ги пополнетите формулари по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Надоместокот за пријавување на колоквиум е 460 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.