Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите од декемвриската испитна сесија во академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 01.12 до 07.12.2021 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 13.12 до 24.12.2021 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за испитната сесија на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА 2021/2022
Формуларот [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:
Пополнете е-Формулар и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Надоместокот за пријавување на испит е 620 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.