Од 11-ти до 14-ти ноември 2021 година, тим на студенти од Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот Универзитет, учествуваше на симулациска вежба за сајбер безбедност во Будимпешта, во организација на групацијата MeOut.
Оваа симулација имаше за цел да обезбеди опкружување во кое студентите од високото образование можат да научат за техничките и стратешките предизвици поврзани со сајбер безбедноста, особено сајбер инцидентите и да ги испробаат поврзаните практични решенија. Cyex Camp-от на MeOut придонесува за професионалниот развој на студентите и исто така служи како форум за вмрежување. Имајќи го во предвид ова, нашите учесници имаа можност да се сретнат со други тимови, ментори, членови на жирито и експерти кои работат во различни делови од сајбер безбедноста и други сродни области и да ги подобрат своите практични вештини.