Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите од ноемвриска испитна сесија во академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 01.11 до 05.11.2021 година.
Пријавувањето на прв колоквиум во зимскиот семестар во академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 01.11 до 05.11.2021 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 22.11 до 30.11.2021 година.
Полагањето на првиот колоквиум (колоквиумска недела) ќе се спроведе во периодот од 15.11 до 19.11.2021 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ И ИСПИТИ ВО НОЕМВРИСКА СЕСИЈА 2021/2022
Формуларите [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:
е-ПРИЈАВА ЗА КОЛОКВИУМ [формулар]
Пополнете го соодветниот е-Формулар (пријава за испит или колоквиум) и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Надоместокот за пријавување на испит е 620 денари . Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.
Надоместокот за пријавување на колоквиум е 460 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.