Online пријавување испити во октомвриска испитна сесија 2021/2022

ФДК распоред зимски семестар – академска 2021-2022
октомври 4, 2021
ФИ распоред зимски семестар – академска 2021-2022
октомври 4, 2021
Прикажи ги сите

Online пријавување испити во октомвриска испитна сесија 2021/2022

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите од октомвриска испитна сесија во академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 01.10 до 07.10.2021 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 18.10 до 29.10.2021 година,.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ОКТОМВРИСКА СЕСИЈА 2021/2022

Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:

е-ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ [формулар]

Пополнете го еФормуларот (пријава за испит) и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

[email protected]

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

5.Факултет за правни науки

[email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

[email protected]

Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.