Подарување 2 книги

УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.АВГУСТ
август 9, 2021
Склучени нови договори за соработка
август 13, 2021
Прикажи ги сите

Подарување 2 книги

Почитувани,
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ подарува 2 книги од областа на информатичко-компјутерските технологии, и тоа:
1. „ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ОБЛИЦИ” од авторите д-р Анис Сефиданис (Декан на Факултетот за информатика во состав на Европски Универзитет), м-р Зорица Каевиќ и м-р Билјана Раичевиќ Велковска. Се работи за неодминлива литература за сите кои целат да се занимаваат со дигитална форензика, кибер безбедност и заштита на податоци.
2. „МЕДИЦИНСКО-СТОМАТОЛОШКА ИНФОРМАТИКА“ од авторите д-р Анис Сефиданис (Декан на Факултетот за информатика во состав на Европски Универзитет), д-р Весна Јуруковска Шотаровска и м-р Борко Христов. Книгата е наменета првенствено за студентите од медицинско-стоматолошка струка, но може да биде од подеднаква корист и за студентите од сите медицински струки кои имаат потреба од запознавање најнапред со информатичките системи, а потоа и со специфичните софтверски алатки кои се употребуваат во нивната област.
Учеството е согласно упатствата од оваа објава:
1. Следете ја Facebook страната на Европски Универзитет @EuropeanUniversitySkopje;
2. Стиснете лајк на Facebook страната на Европски и на оваа објава;
3. Тагнете во коментар пријател за кој сметате дека треба да ги добие книгите;
Периодот за учество е до 31.08.2021 год.
СО СРЕЌА!
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Едно семејство, една визија!