Во годината кога славиме јубилејни „15 години Факултет за арт и дизајн“, се навраќаме на нашите достигнувања и успешно реализираните приказни. Во текот на овие изминати години, Факултетот за арт и дизајн во повеќе прилики го докажуваше квалитетот на својата работа во процесот на обучување специјализиран кадар на дизајнери од областите на графичкиот, модниот и дизајнот на ентериер. За потенцијалот на студентите, посветеноста на наставниот кадар и креативниот пристап во реализацијата на проектите зборуваат значајниот број признанија и награди, кои досега сме ги добиле. Да се потсетиме на нив:
2008 Награда за најдобра студентска презентација, Апостол Тноковски, Глобална недела на претприемништво, хотел Александар Палас
2008 Награда за најдобар веб дизајн, студент Апостол Тноковски, Недела на претприемништво, хотел Холидеј Ин
2009 Прва награда на студентката Кристина Манчева, Младински салон, Национална галерија на Македонија
2010 Прва награда за студентката Ирина Јанковска на Борка конкурс за дизајн

2011 Прва награда за студентката Ирина Јанковска на Тинекс конкурс за дизајн на торба

2012 Прва награда за студентката Кристина Георгиевска, Конурс за дизајн на лого на Скопје Креатива, Британски совет и Град Скопје

2014 Награда за фотографија на студент Рафиз Фера, меѓународен конкурс за интеркултурна фотографија, Австрија
2015 I награда во категорија Експериментален филм на Душица Симовска и Тина Виторовиќ од ФАД – ЕУРМ, на 44 Фестивал на непрофесионален филм, организиран од Кино сојуз на Македонија, Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес

2015 II награда во категорија Мултимедина на Андреа Ангелина Петровска од ФАД – ЕУРМ на 44 Фестивал на непрофесионален филм, организиран од Кино сојуз на Македонија, Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес
2015 Благодарници за проектот „Модата и културното наследство“, Британски совет во Македонија

2016 Награда за најдобар студентски проект, Данијела Савиќ, Недела на дизајн Скопје

2016 Признание за партнерство на Факултетот за арт и дизајн – ЕУРМ, од Британски совет Македонија, по повод 20 години постоење

2016 Плакета на Европски универзитет – Р. Македонија, за придонес во развојот на Остен, Галерија Остен
2016 Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на Факултетот за арт и дизајн за проектот „Инклузивен дизајн и рециклирање“, Министерство за економија на РМ

2017 Прва награда на конкурс за дизајн на плакат за туристичка промоција на Македонија, за студентите Иван Дургутовски и Ана Петрова, Полска Амбасада/Музеј на град Скопје/Плакарт

2017 Гран при за Ветон Арифи, 1 место за цртеж на Ивана Павловска, 2 место за скулптура на Амине Мехдију и 3 место за мултимедија на Зорица Стојанова и Анастасија Сандова, 10 Младински пролетен салон, Национална галерија на РМ

2017 Национално признание за успешно спроведени општествено одговорни практики за проектот „Природата нѐ повикува“ на Скопје Креатива, Министерство за економија на РМ

2018 Награда за студентско дело на Емилија Србакоска, 11 Младински пролетен салон, Национална галерија на РМ

2018 Сертификати и благодарници за проект „Дигитален фолклор“, ЕУ Инфо центар

2018 Благодарница за учество во Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата, Министерство за економија на РМ

2020 Прва награда за Снежана Давиткова и две трети награди за Ветон Арифи и Наум Секуловски, студентски конкурс за дизајн на плакат за Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот 27 јануари, Меморијален центар на Холокаустот/МНР

2021 Финалист – студент Христијан Младеновски, студентски конкурс за одржлива мода, Британска амбасада Скопје