Доделена целосна стипендија за постдипломски студии по студиската програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“

Факултетот за економски науки – информативна online сесија
јули 7, 2021
Факултет за стоматологија – информативна online сесија
јули 15, 2021
Прикажи ги сите

Доделена целосна стипендија за постдипломски студии по студиската програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“

На ден 13.07.2021 година во просториите на Европски Универзитет, од страна на Управниот одбор беше врачена одлуката за доделување целосна стипендија на д-р Татјана Стојаноска (УК за инфективни болести и фебрилни состојби), за постдипломски студии по студиската програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“.

д-р Стојаноска е избрана по јавниот Конкурс кој се реализираше во чест и сеќавање на прерано починатиот основач на Европски Универзитет Скопје, проф.д-р Бојо Андрески, а во функција на остварување придонес кон заедницата и оддавање признание за посветеноста и трудот на здравствените работници за заштита и унапредување на здравјето.

И посакуваме добредојде на д-р Татјана Стојаноска во семејството на Европски Универзитет, како и успех во студирањето и кариерата.

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Едно семејство, една визија!