Од Факултетот за арт и дизајн беше избран дизајн на наш студентот за ревија на одржлива мода

На стоматолошки клинички центар “Проф. д-р Бојо Андрески” успешно изведена сложена хируршка интервенција
јуни 10, 2021
ФС распоред јунска испитна сесија – летен семестар 2020-2021
јуни 14, 2021
Прикажи ги сите

Од Факултетот за арт и дизајн беше избран дизајн на наш студентот за ревија на одржлива мода

На 9 јуни 2021 Британската амбасада го прослави Роденденот на британската кралица Елизабета Втора, со ревија на одржлива мода во Музејот на современа уметност во Скопје. Бидејќи Обединетото Кралство оваа година е домаќин на 26тата Конференција за климатски промени на Обединетите нации, темата на овогодинешната прослава беше поврзана со климатските промени. Преку конкурсот за одржлива и еко-пријателска облека наменет за студентите по моден дизајн, беа избрани најдобрите осум креации кои се презентираа на настанот. Од Европскиот универзитет и Факултетот за арт и дизајн беше избран дизајн на студентот Христијан Младеновски, кој претстави фустан изработен од природен лен, рециклиран тексас, памучни милјеа и чипки. Инспирацијата за неговата креација е планетата Земја, со нејзиното природно и културно богатство. Своето претставување на ревијата Младeнoвски го подготвуваше под менторство на проф. д-р Гордана Вренцоска, која беше присутна на настанот.
Британската амбасадорка Н.Е. Рејчел Галовеј и заменикот амбасадор Доминик Отвеј учествуваа во ревијата облечени во креации изработени од студентите и со тоа испратија порака за поддршка на одржливиот моден дизајн и за зголемување на јавната свест за еколошките предизвици на денешницата.
Фотографии: 1-10, Британска амбасада во Скопје / Томислав Георгиев; 11-13 Христијан Младеновски