Ве известуваме дека на ден 08.04.2021 (четврток) со почеток во 13:00 часот ќе се одржи информативна online сесија на која можете да добиете одговори во врска со сите прашања кои се однесуваат на уписот и студирањето на Факултетот за стоматологија – интегрирани академски 5-год. студии по Стоматологија од I и II циклус, како и стручни студии за Забни техничари.
На вашите прашања ќе одговараат:Деканот на Факултетот за стоматологија – доц. д-р Катерина Василева Гешоска, доц. д-р Ана Белазелковска Грежловска и асс. др. Јордан Ѓурчески.