Работна посета на Факултетот за стоматологија на Акдениз Универзитет

Факултет за стоматологија – информативна online сесија
април 7, 2021
Факултет за информатика – информативна online сесија
април 7, 2021
Прикажи ги сите

Работна посета на Факултетот за стоматологија на Акдениз Универзитет

Во периодот од 22 -26 Март 2021, тим од професори и соработници на Факултетот за стоматологија од Европскиот Универзитет Скопје, остварија работна посета на Факултетот за стоматологија на Акдениз Универзитет во Анталија, Турција. Посетата беше остварена преку Еразмус + програмата која овозможува размена на наставен персонал. Тимот оствари средба со деканската управа на факултетот, воедно и со деканот проф. д-р Алпер Бирд.
Беше направена обиколка на предавалните и амфитеатрите, лабараториите како и клиничкиот центар. Се разговараше за наставните програми, разликите и сличностите на високото образование во Македонија и Турција, предностите и слабостите на државните и приватните високообразовни установи и сл. Исто така беше разговарано за видот на здравствени услуги и начинот на партиципација на државата во истите. Бидејќи беше констатирано дека Ковид кризата особено се одрази во образованието во целиот свет, се разменија искуства за начинот на одржување на комбинирана настава (online предавања и вежби со физичко присуство).
Во текот на работната посета исто така се остварија средби и со шефовите на катедри проф.д-р Елчин Есенлик -Ортодонција и проф. д-р Хусеин Карајилмаз – Детска и превентивна стоматологија, како и со професори од одделот за Орална и максилофацијална хирургија вон.проф.д-р Алпер Синдел, вон.проф.д-р Мехмет Али Алтај и вон.проф.д-р Муќерем Хатипоглу – Парадонтологија. Професорите одржаа online предавања на актелни теми на студентите од IV -та и V-та година.
Деканот проф. д-р Алпер Бирд беше импресиониран од податокот дека на Факултетот за стоматологија од Европскиот Универзитет Скопје е прв приватен Факултет за стоматологија на Балканот. Поради одличната комуникација и идеи за понатамошен развој се појави интерес за понатамошна соработка и склучување на директен договор меѓу двата универзитети.