ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ – АПРИЛСКА СЕСИЈА 2020/21

ФАД распоред прв колоквиум – летен семестар 2020-2021
март 30, 2021
Повик за единаесетта меѓународна научна конференција
април 1, 2021
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ – АПРИЛСКА СЕСИЈА 2020/21

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите од априлската испитна сесија во академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 01.04 до 07.04.2021 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 15.04 до 28.04.2021 година, со примена на досегашниот комбиниран метод – on-line и со физичко присуство.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа кои испити ќе се спроведуваат on-line, а кои со физичко присуство на студентите, редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА АПРИЛСКА СЕСИЈА 2020/2021

Пополнете го еФормуларот (пријава за испит) и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

[email protected]

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

5.Факултет за правни науки

[email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

[email protected]edu.mk

Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:

е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТ

Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.

Уплатница [пример]