ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE НАСТАВА И ВЕЖБИ, СПРОВЕДУВАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ

E-ФОРМУЛАРИ И ПРИЈАВИ
ноември 5, 2020
ФЕН распоред ноемвриска сесија и прв колоквиум зимски семестар 2020-2021
ноември 11, 2020
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE НАСТАВА И ВЕЖБИ, СПРОВЕДУВАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ

Почитувани студенти,

Со оглед на моменталната состојба со ширењето на Covid-19 и постојаното покачување на бројот на новозаболени лица, поради потребата од превенција на зараза и заштита на здравјето на студентите и вработените, Европски Универзитет ве известува дека наставата и вежбите ќе се изведуваат on-line.

Одржувањето на наставата/вежбите на Факултетот за стоматологија ќе биде овозможено со физичко присуство во зимскиот семестар 2020/2021 година на следниот начин:

  1. Предклинички вежби – со физичко присуство со почитување на протоколи за спречување на ширење на коронавирусот (Covid-19)
  2. Клинички вежби – со физичко присуство доколку се исполнети минимални услови (согласност од пациентот, редуциран број на студенти во група, максимална заштита при работа и редуцирано ширење на аеросоли при работа). Доколку не се исполнети претходно дефинираните услови, вежбите ќе се одржуваат on-line.

Закажаните колоквиуми во ноемвриската сесија ќе се спроведуваат on-line.

Закажаните испити во ноемвриската сесија ќе се спроведуваат комбинирано: on-line и/или со физичко присуство на студентите во просториите на Универзитетот. Задолжително е почитувањето и придржувањето кон мерките и протоколите за превенција од ширење на Covid-19.

Одбраната на трудови (стручни, дипломски, магистерски) ќе се спроведува со физичко присуство на студентите во просториите на Универзитетот, а по исклучок и on-line за странски студенти и/или студенти кои од објективни причини не можат да бидат физички присутни.

Консултациите со студенти ќе се вршат исклучиво online.

Студентската служба и останатите служби ќе бидат физички присутни на Универзитет и сите административни услуги ќе ви бидат достапни во текот на работното време – од 08:00 до 16:00 часот. Препорачуваме on-line или телефонска комуникација и претходна најава за потреба од издавање/подигнување на документ, како и избегнување на подолго задржување и групирање. Е-mail адреса за комуникација: [email protected], тел.бр. 02 3 20 21 01 и 02 3 20 21 00 моб.бр: 078 482 050.

За информации во врска со распореди и останати известувања, редовно следете ги објавите на веб-сајтот www.eu.edu.mk и официјалната Facebook страна (@EuropeanUniversitySkopje).

Останете во добро здравје!

Со почит,

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ