ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Десетта меѓународна научна конференција
септември 28, 2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ
септември 30, 2020
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 01.10.2020 (четврток) започнува новата академска 2020/2021 година.

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС

Првиот академски час за студентите запишани во академската 2020/2021 година ќе се одржи на ден 01.10.2020 (четврток), според следниот распоред:

  • Факултет за стоматологија и Забни техничари, 13:00 часот, предавална бр.107;
  • Факултет за економски науки, 13:00 часот, предавална бр.223;
  • Факултет за арт и дизајн, 14:00 часот, предавална бр.223;
  • Факултет за информатика, 14:00 часот, предавална бр.107;
  • Факултет за детективи и криминалистика, 14:00, предавална бр.108;

Ве молиме да се придржувате кон утврдените мерки и протоколи за превенција од ширење на COVID-19, истакнати на влезот од Универзитетот.

Носењето лична заштитна опрема која го покрива носот и устата (заштитна маска/марама) е задолжително.

ПОЧЕТОК НА НАСТАВА

Наставата на Европски Универзитет ќе започне од 05.10.2020 година во комбинирана форма – online и/или со физичко присуство, во согласност со утврдени протоколи за превенција од ширење на Covid-19.

Предметните наставници/асистентите ќе ги спроведуваат наставните часови/вежби во просториите на Универзитетот – предавални и вежбални (соодветно опремени за on-line streaming на настава во реално време), според еден од напред наведените методи или комбинирано, притоа водејќи сметка да се овозможи редовно следење на наставата од сите студенти.

Распоредите за предавања/вежби со назначена примена на соодветен наставен метод (online/физичко присуство), ќе бидат истакнати најдоцна до петок (02.10.2020) од секој факултет поединечно,  на почетната страна од официјалниот веб-сајт www.eu.edu.mk – рубрика Огласна табла, а истите ќе бидат објавени и на социјалната мрежа Facebook.

ПРИЈАВУВАЊЕ (ЗАВЕРКА) НА СЕМЕСТАР

Пријавувањето (заверката) на семестар се врши во Студентската служба во периодот од 01.10 до 15.10.2020.

ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ОКТОМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

Пријавувањето на испитите во октомвриската испитна сесија ќе се врши on-line во периодот од 01.10 до 07.10.2020 година. Во продолжение можете да го преземете е-формуларот пријава за испит и упатството за начинот на пријавување.

е-Пријава за испит

Упатство за online пријавување на испити

За информации во врска со конкретните термини (датум и час) и начинот на полагање, редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk  и социјалните мрежи.

За повеќе информации, Студентската служба е достапна секој работен ден, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101.

Ве очекуваме.

Студирајте Европски!