Десетта меѓународна научна конференција

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО
септември 10, 2020
Десетта меѓународна научна конференција
септември 28, 2020
Прикажи ги сите

Десетта меѓународна научна конференција

Десетта меѓународна научна конференција

„ПАТОТ КОН УСПЕХОТ – ИНОВАЦИЈА, ИНТЕРАКЦИЈА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

Во современото општество еден од клучните фактори во одредувањето на крајниот успех на организациите е нивната способност да ја користат иновацијата за создавање на конкурентски предности.

За иновации се потребни интеракција, дебата и кооперација. Процесот на интеракција е особено важен и треба да биде вклучен во севкупната иновациска стратегија.

Клучот за финалниот успех на секоја иновација е нејзината соодветна имплементација. Успешната имплементација на иновацијата во голем дел зависи од континуираната интеракција од почетокот на процесот на промена, па се до добивање на повратните информации за резултатите од промените.

Иновацијата е клучен двигател на економскиот пораст во светски рамки.

Мисијата на оваа меѓународна научна конференцијата е да се поттикнат научните и истражувачките работници од различните образовни институции, бизнис заедницата од Република Северна Македонија и од странските земји и владиниот и невладиниот сектор, да ги разменат нивните најнови сознанија и практични искуства во врска со создавањето на нови технологии, нови начини на работа, процеси, услуги, иновативни техники, случувања, ажурирања и достигнувањa од сите сфери на науката.

 

Учесници на конференцијата ќе бидат:

Експерти од сите области на науката и уметноста, стоматолози, лекари, биолози, екологисти, социолози, економисти, уметници, дизајнери, информатичари, технолози, машински инженери, претставници од бизнис секторот, претприемачи, како и претставници на владини и невладини организации, претставници на религиски заедници и поединци; универзитетски професори и соработници (асистенти); студенти.

 

Конференцијата ќе се одржи на 25.09.2020.

 

Целосните трудови ќе бидат објавени во печатена верзија од меѓународното списание „IDEА” (International Journal of Science and Arts), како и во електронска форма на CD и официјалната веб страница на Европскиот универзитет на www.eu.edu.mk.

Трудовите ќе бидат објавени на EBSCOhost Online Research Databases | EBSCO