СВЕДОШТВА – Севгул Абдула

СВЕДОШТВА – Катерина Трпковска
јуни 22, 2020
Промотивна цена на школарина за првата година студии (втор уписен рок)
јуни 30, 2020
Прикажи ги сите

СВЕДОШТВА – Севгул Абдула

Севгул Абдула: На Европски универзитет професорите и асистентите имаат еднаков пристап кон сите студенти

Севгул Абдула е петта година на мастер студии на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет. Како припадник на ромската етничка заедница вели дека на Европскиот универзитет сите студенти се еднакви, а професорите и асистентите имаат еднаков пристап кон сите. Особено е задоволен од односот на професорите и асистентите на универзитетот кои се љубезни и со голема желба да ти помогнат да успееш

Што беше пресудно да се запишеш на Факултетот за детективи и криминалистика при Европски универзитет-Скопје?

Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет го избрав бидејќи уште од почетокот на моето запишување во прва година бев сигурен дека тука ќе го стекнам потребното знаење и професионалност. Сега сум петта година на мастер студии и можам да кажам дека го избрав вистинскиот факултет. Уште од почетокот на моето студирање голем впечаток ми остави соработката со професорите која беше и сè уште е на високо ниво, како и начинот на комуникација меѓу професорите, асистентите и студентите кој не е карактеристичен за другите универзитети во државата. По завршувањето на моето четиригодишно студирање, по една година пауза, се запишав на втор циклус студии и се надевам дека после моето магистрирање еден ден ќе можам успешно да го применувам моето знаењето стекнато на ФДК. Мојот впечаток, како припадник на ромската етничка заедница, е дека на Европскиот универзитет сите студенти се еднакви, а професорите и асистентите имаат еднаков пристап кон сите.

Дали си задоволен со студиската програма која се реализира на Факултетот за детективи и криминалистика?

Да, секако, бидејќи доколку не бев задоволен од квалитетот на студирањето после моето завршување на првиот циклус немаше да се запишам на втор циклус на студии. Она што сакам да го потенцирам е дека на Факултетот за детективи и криминалистика за секое нејасно прашање во секое време студентот може да ги контактира професорите и да добие одговор, а тоа е многу важно за нас како студенти. Деканот и професорите на факултетот во текот на моето четиригодишно студирање ме научија дека целта и идејата се бранат единствено со трпеливост и знаење.

На кој начин се реализира наставата и каква е соработката со професорите и асистентите на Факултетот?

Наставата се одвива со физичко присуство, но поради моменталната состојба поради пандемијата со ковид-19, наставата ја одржуваме онлајн што е олеснително и практично за сите студенти. Соработката со професорите е на високо ниво и ваков начин на комуникација меѓу професорите и студентите не постои на другите универзитети во државата. Асистентите се секогаш тука да ни помогнат и да ни го олеснат процесот на студирање преку вежби кои исто така ни помагаат да учиме и да се усовршуваме. Јас продолжив на втор циклус студии прво за да се стекнам со звање магистер, а второ затоа што ми е пријатно повторно да се среќавам со професори, асистенти кои се љубезни и со голема желба да ти помогнат да успееш. Во текот на студирањето сфатив дека тимската работа, а уште повеќе релацијата професор-асистент-студент дава извонредни резултати и мотивирачка сила за движење кон целта. Сите професори, асистенти… се трудат на секој студент да му дадат еднаква можност и знаење.

Што би им препорачал на идните студенти зошто да го изберат Европски универзитет?

На сите оние што сакаат да студираат, посебно на припадниците од ромската заедница, им порачувам да го изберат Европскиот универзитет, бидејќи има квалитетен наставен кадар, добра организација, предвремено планирање на академскиот календар… А, секако, тука се љубезноста и професионалноста на вработените со кои ќе се сретнат сите идни студенти кои ќе го изберат овој универзитет. Меѓутоа, најважното од сѐ е дека ќе се стекнат со знаење и професионалност кои ќе им го трасираат патот до успехот.