ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ

Студирање по промотивна цена
април 24, 2020
ФИ јунска испитна сесија 2019-2020
мај 7, 2020
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ ВО ЈУНСКИОТ ИСПИТЕН РОК  2019/20 ГОДИНА И ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ/ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ

Почитувани студенти,

Имајќи ги во предвид активните мерки за превенција од Covid-19 и Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование („Службен весник на РСМ“ бр.76/20), Ве известуваме дека колоквиумите и испитите во јунскиот испитен рок 2019/20 година ќе се спроведат онлајн (online) преку видеоконференциски платформи и средства за електронска комуникација кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето.

Воедно, во претстојниот период Европски Универзитет ќе спроведува и онлајн (online) пријавување и одбрана на дипломски/магистерски трудови преку видеоконференциски платформи кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на одбраната.

Во продолжение можете да добиете детални информации.

 

НАЧИН НА ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО

Проверката на знаењето ќе се врши со усно испитување на студентите од предметниот наставник, при што во моментот на испитување видеоконференциски ќе биде приклучен и асистентот по соодветниот предмет. За спроведеното полагање се обезбедува соодветен доказ-дигитален запис (видео/аудио снимка, screenshot, листа на поставени прашања со забелешки за дадените одговори и сл.).

За стручно-уметничките предмети ќе се изработува и практична задача што студентот ќе ја достави на увид преку e-mail комуникација.

Практичниот дел од полагањето на колоквиуми/испити на Факултетот за стоматологија ќе се спроведе кога ќе се создадат услови за тоа.

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Опција 1 : онлајн (online) со пополнет еФормулар (пријава за колоквиум/испит) кој што го доставувате електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

1.Факултет за стоматологија

[email protected]

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

[email protected]

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

5.Факултет за правни науки

[email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

[email protected]

Опција 2 : на шалтер во Студентска служба, од 10:00 до 14:00 часот во термините за пријавување (носењето заштитна маска од страна на студентите и вработените е задолжителнo поради превенција од ширење на Covid-19) ;

Надоместокот за пријавување е 460 денари за колоквиум, 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.

Не се врши уплата за таксена марка.

Напомена : Студентите кои уплатиле за испит во мартовската сесија што не се одржа, потребно е да достават само пријава за испит, без дополнителен надоместок. Претходната уплата ќе биде земена во предвид.

Уплатница [пример]

Формуларите [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следните линкови:

е-ФОРМУЛАРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМИ/ИСПИТИ

Пријава за колоквиум 

еPrijava za kolokvium 2020 [form]

Пријава за испит

еPrijava za ispit 2020 [form]

 

 

ТЕРМИНИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОЛАГАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ ВО ЈУНСКИ ИСПИТЕН РОК 2020

ПРВ КОЛОКВИУМ
термини за пријавување   термини за полагање
од 18.05 до 22.05.2020 од 01.06 до 05.06.2020

 

ВТОР КОЛОКВИУМ
термини за пријавување   термини за полагање
од 08.06 до 12.06.2020 од 15.06 до 19.06.2020

 

ИСПИТИ
термини за пријавување   термини за полагање
од 01.06 до 05.06.2020 од 22.06 до 30.06.2020

 

*освен на Факултетот за стоматологија:

од 22.06 до 15.07.2020

 

РАСПОРЕД

Конкретните термини за спроведување колоквиуми/испити за секој предмет поединечно (датум, час, време на одржување, видеоконференциска платформа што ќе се користи, итн.) ќе бидат објавувани преку соопштенија на веб-страната www.eu.edu.mk и официјална Facebook страна ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ (@EuropeanUniversitySkopje). Ве молиме редовно да ги следите за да добиете навремена информација.

 

ПРИЈАВА И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ

Секој студент кој ги исполнил обврските по студиската програма од I или II циклус / ги положил сите предвидени испити на соодветниот факултет, може електронски да пријави одбрана на дипломски или магистерски труд на погоре наведените e-mail адреси на референтите од Студентска служба.

Одбраната ќе се реализира on-line преку видеоконференциски платформи кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на одбраната.

Во моментот на спроведување на одбраната видеоконференциски ќе бидат приклучени сите членови на Комисијата за одбрана. За спроведената одбрана се обезбедува соодветен доказ-дигитален запис (видео/аудио снимка, screenshot, листа на поставени прашања со забелешки за дадените одговори и сл.).

Формуларите [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следните линкови:

е-ФОРМУЛАРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДИПЛОМСКИ / МАГИСТЕРСКИ ТРУД + БАРАЊЕ ЗА РЕЦ.КОМИСИЈА

Пријава за дипломски труд

еPrijava za diplomska rabota 2020 [form]

Пријава за магистерски труд

еPrijava za magisterski trud 2020 [form]

Барање за формирање рецензиона комисија за оценка и одбрана на м-р труд 

еBaranje za rec.komisija na m-r trud 2020 [form]

При спроведување на постапката, се применуваат соодветните одредби од Правилниците на Европски Универзитет. Ова важи за студентската служба, ННС, менторите и комисиите.

Термин за одбрана се определува во договор со менторот.

 

Воедно, Ве потсетуваме дека за време на прекинот на наставниот процес, можете да ги добиете сите административни услуги од Студентска служба (издавање потврди, уверенија и сл.), преку дежурниот службеник. Вашите барања и контакт информации доставете ги на приемниот пулт на Универзитот или електронски на e-mail адресата: [email protected]. По истите ќе биде постапено во најкраток можен рок, за што ќе добиете повратен одговор. Контакт тел. 078 / 482 060.

е-Образецот за молба (општо), можете да го преземете на следниот линк:

Молба [општо]

еMolba (opsta) 2020 [form]

 

Овој начин на пријава и полагање колоквиуми/испити, како и одбрана на дипломски/магистерски труд, ќе се применува се додека не настане промена во воведените мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот (Covid-19). За секоја промена ќе следи навремено известување. Следете ги содржините на веб-страната www.eu.edu.mk и официјална Facebook страна ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ (@EuropeanUniversitySkopje).

 

Со почит.