Почитувани студенти,
Согласно заклучокот на Министерството за здравство од 10.03.2020, Ве известуваме дека наставно-образовниот процес на Европски Универзитет ќе биде во прекин во наредните 14 дена, почнувајќи од 11.03.2020 заклучно со 24.03.2020, како мерка за превенција од ширење на корона вирусот (COVID-19).
Настава, вежби, испити/колоквиуми во овој период нема да се одржуваат. Ве замолуваме да одржувате контакт со предметните професори по e-mail за тековните студентски обврски и да ги следите известувањата на веб-страната www.eu.edu.mk и официјалната страна на Европски Универзитет на социјалната мрежа Facebook, во врска со продолжување на наставниот процес и организација на наставата.
Со почит.