Ерасмус Посета, Бируни Унивезитет-Истанбул

ФЕН распоред јунска испитна сесија – летен семестар 2020-2021
јуни 2, 2021
ФДК распоред јунска испитна сесија – летен семестар 2020-2021
јуни 2, 2021
Прикажи ги сите

Ерасмус Посета, Бируни Унивезитет-Истанбул

Во период од 17-21 Мај 2021 година, проф. Д-р Енис Реџеп, доц. д-р Маријана Мирческа, доц. д-р Емилија Костадиновска и асс. д-р Дијана Јошева од Факултетот за стоматологија при Европски Универзитет Скопје, остварија работна посета на Факултетот за стоматологија при Бируни Универзитетот во Истанбул, Турција. Посетата беше дел од Еразмус + ЕУ програмата која овозможува размена на наставен кадар.

    

 

За време на посетата, тимот оствар и средби со деканската управа на факултетот, предводена од деканот проф. д-р Наиме Билинч Буличу. Беа остварени и средби со професорите од различни катедри на факултетот, како и со преставниците од Еразмус канцеларијата, со цел на размена на искуства од различни области помеѓу двата факултета.

Посетата на Факултетот за стоматологија при Бируни Универзитетот опфати и запознавање на делот каде се реализира практичната настава, односно лабараториите и клиничкиот центар. Разговорите опфатија актуелни теми од виското образование кои се однесуваат на наставните програми, разликите и сличностите на високото образование во Македонија и Турција и сл.

Како составен дел од Еразмус програмата за мобилност на наставен кадар, проф. д-р Енис Реџеп, доц. д-р Маријана Мирческа и доц. д-р Емилија Костадиновска, реализираа online предавања кои ги следеа студентите од 4 и 5 година и наставниот кадар на факултетот-домаќин.

Претставниците од двете институции го искажаа своето задовоство од реализираната посета на тимот од Европскиот Унивезитет Скопје како основа за продлабочување на идната соработка.