Меѓународно студентско биенале во Истанбул

УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.MAJ
мај 4, 2021
ФИ распоред втора колоквиумска недела – летен семестар 2020-2021
мај 21, 2021
Прикажи ги сите

Меѓународно студентско биенале во Истанбул

Меѓународно студентско биенале во Истанбул

Студенти од Факултетот за арт и дизајн изложуваат на Меѓународното студентско биенале, кое се одржува во Истанбул Р. Турција. Биеналето го организира Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот Ајдин во Истанбул. Овој настан, кој за прв пат се одржува оваа година, обединува додипломци и постдипломци од различни области на уметноста и дизајнот. Темата „Нешто се случи, и сè се промени“ е поврзана со предизвиците на светската пандемија, а изложбата и другите придружни настани ќе бидат во дигитална форма заради условите диктирани од пандемијата. На покана на организаторите, деканот на Факултетот за арт и дизајн проф. д-р Гордана Вренцоска беше член на меѓународната комисијата за селекција на пристигнатите дела.

Од Европскиот универзитет учествуваат: Глорија Ивановска, Меланија Георгиевска, Марко Милетиќ, Наташа Бибановска и Снежана Давиткова. Изложбата може да се погледне во дигиталните галерии на https://bienal.aydin.edu.tr/en/exhibition/