ON-LINE СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО “ИНФЕКЦИЈА И ТРЕТИРАЊЕ НА ИНФЕКЦИЈА ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКТИКА”

Факултет за економски науки – информативна online сесија
април 14, 2021
ФС распоред априлска испитна сесија – летен семестар 2020-2021
април 19, 2021
Прикажи ги сите

ON-LINE СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО “ИНФЕКЦИЈА И ТРЕТИРАЊЕ НА ИНФЕКЦИЈА ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКТИКА”

Симпозиумот е акредитиран од Комисијата за стручни стоматолошки прашања на Стоматолошка комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

Симпозиумот ќе се спроведува on-line преку платформата Zoom, во живо
За да пристапите до симпозиумот ќе Ви испратиме линк на Вашата е- адреса, со потребните податоци за регистрација и негово следење. За таа цел претходно ќе биде потребно да ја преземете апликацијата Zoom и да ја инсталирате преку линкот https://zoom.us/ пред регистрацијата.

Инсталацијата е можна на компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон.
За време на симпозиумот може и активно да се вклучите со свои размислувања и размена на искуства со поканетите предавачи.

Одонтогените инфекции претставуваат едни од најчестите патологии со кои се сретнуваат стоматолозите во секојдневната пракса. Со оглед на можните сериозни, па и животозагрозувачки компликации кои може да се случат, нивниот ран третман е предизвик, загатка, но и должност на секој стоматолог. Ова специфично време на вонредни услови, рестрикции, неможност за навремена стоматолошка грижа, стресогени фактори, како и други состојби кои влијаат на имунитетот и општото здравје на пациентите, придонесоа за зголемена фрекфенција како на одонтогени, така и на неодонтогени инфекции. Од друга страна пак, прекумерната злоупотреба на антибиотици, неправилниот и ненавремен третман на овие инфекции, непочитувањето на дијагностичкиот протокол и поставувањето на погрешни дијагнози, дополнително го комплицираат текот и исходот од овие состојби. Преку нашите поканети предавачи, ќе се обидеме да поставиме насоки и да се потсетиме на современите протоколи за дијагноза и третман на инфекциите со потекло од усната празнина.

ПРОГРАМА

09:00- 10:00

Регистрација на учесници. Ве молиме следете го упатството за регистрација кое го добивте на е-адресата од која сте се пријавиле.

 

10:00- 10:30

Проф.д-р Зоран Пешиќ – Србија

Тешки инфекции на глава и врат, дијагностички и терапевтски предзвик

Инфекциите во пределот на главата и вратот претставуваат честа патологија во организмот. Иако се чести во главно се со блага клиничка слика,не претставувајќи дијагностички и терапевтски проблем. Сепак имајќи во предвид дијапазонот на влезните врати и шаренликоста на клиничкиот ток, не смее да се пропушти фактот дека овие ситуации можат да имаат тежок ток, па и смртен исход. Во ситуациите кога имунитетот е намален а патогениот предизвикувач е силен доаѓа до тешки инфекции. Поради ова не смее да се доцни со терапијата. На располагање ни се многу дијагностички методи кои треба навремено да се користат. Поставување на навремена дијагноза е проблем од повеќе причини: брзо се развива сликата, инфекцијата се шири од една во друга регија, , клиничката слика некогаш е со многу дискретен почеток па дијагностицирањето е отежнато.Терапијата е индивидуална според коморбидитети и сам развој на клиничка слика. И за крај, не треба да се изостави и цената на третманот кој најчесто е долготрае и скап.

 

10:30- 11:00

Проф.д-р Алпер Синдел -Турција

Современ преглед на третманот кај максилофацијалните инфекции

Оралните и максило-фацијалните инфекции се чести здравствени проблеми и главни причини за стоматолошка консултација на глобално ниво. Тие се од важност заради ризици од морбидитети и во некои случаи и можна смртност. И покрај засилениот социоекономски статус на луѓе и достапноста на антибиотска терапија, сè уште постојат бројни случаи на тешки максилофацијални инфекции. Големиот број на поврзувачки простори во регионот на главата и вратот овозможуваат брзо ширење на воспалението во случај на доцна или неправилно лекување на овие инфекции…

 

11:00- 11:30

Проф.д-р Цена Димова – Македонија

Имплементација на терапевтски принципи во третманот на акутна одонтогена инфекција

Екстракцијата на заби во воспалителното подрачје има посебно клиничко значење. Индикација за примарна екстракција на заби зависи од повеќе фактори: стадиум на воспалението, од тоа кој заб е во прашање, од состојбата на околните ткива на забот и од општата здравствена состојба на пациентот. Целта на темата е да се потенцира доктринарниот став: за успешен третман и лекување на акутните одонтогени инфекции, покрај познавањето на етиологијата, патогенезата и текот и можното ширење на инфекцијата неопходно е да се применуваат осум принципи, практикувајќи ги како редослед на постапки или чекори. Прв принцип: утврдување на степен на сериозност на инфекција кое вклучува процена преку примена на комплетна анамнеза за сегашната болест и клиничкиот преглед…

 

11:30- 12:00

Проф.д-р Оливера Саракинова – Македонија

Инфекции во детската стоматологија

Инфекциите во педодонтската казуистика се секојдневие и можат да бидат од одонтогена или неодонтогена природа. Кога говориме за одонтогените инфекции, односно инфекции за чијашто појава причинител се забите, можеме да кажеме дека, најзначајните етиолошки фактори за нивна експозиција се апикалниот пародонтитис, постекстракциона инфекција, перикоронитис, маргинален пародонтитис, инфицирани заостанати корени итн. Во широката палета на неодонтогените инфекции се вбројуваат сите вирусни, бактериски и габични инфекции, Правилната и навремена дијагноза и терапија на инфекциите, често се круцијален фактор за добра прогноза и restitutio ad integrum на оралните ткива,реверт на нормалната орофацијална функција и хомеостаза на детскиот организам.

 

12:00- 12:30

Асс.д-р Атанас Павлески – Македонија

Потребата на TRPC5 за инфламација и забна болка, клинички случај

Осетливоста на забите на ладно при кариозни лезии или пак при одредени парадонтолошки промени или пак кај пациентите при хемотерапија е чест проблем, а бројот на такви пациенти и не е така мал.
За да ординираме ефикасен третман потребно е да го знаеме и процесот и механизмот кој е одговорен за овие дразби.
Дали овие термални промени ги перцепираме преку механо и ноцицептивниот плексус систем на Raschkow, или преку теоријта наBrannstrom на хидродинамичен и флуидин систем на пренесување на дразба преку денталните тубули.
Најновите истражувања ја доделуваат оваа улога на одонтоблатите и TRPC5 јонски канали а пред нас е времето каде и како ќе ги имплементираме овие знаења.

12:30 Дискусија

Вашето учество на симпозиумот ќе биде можно по извршената уплата и регистрација преку испраќање на меил на следната е-адреса: [email protected]

УПЛАТА

600 денари

Уплати ќе се примаат до 08.05.2021.

Назив и седиште на примачот: Европски Универзитет
Жиро сметка: 300000002914983
Банка на примач: Комерцијална Банка АД- Скопје
Цел на дознака: за Симпозиум, име и презиме, број на лиценца

РЕГИСТРАЦИЈА

По извршената уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се регистрирате со испраќање на е-меил на следната е-адреса: [email protected]; со следните податоци: име и презиме, број на лиценца, потврда за извршена уплата (скен од уплатница, т.е. слика во било кој формат).
Ве замолуваме за навремено регистрирање. На меил-от со кој ќе се регистрирате ќе добиете линк преку кој ќе можете да се приклучите на симпозиумот.
Линкот за приклучување кон симпозиумот ќе го добиете најкасно до 08.05.2021.

Сертификатите ќе ги добиете во електронска форма на Вашите е-адреси, додека бодовите автоматски ќе Ви бидат регистрирани во регистарот на Стоматолошката комора ( 8 бода пасивно учество, 12 бода активно учество).

Сертификатот нема потреба да се носи на увид во печатена форма во Комората.

Сите студенти можат да учествуваат во симпозиумот со што можат да добијат сертификат за присуство но не и поени бидејќи не поседуваат лиценца.

Сите студенти на Факултетот за стоматологија при Европскиот Универзитет може да го следат Симпозиумот на 09.05.2021, без да извршат уплата.
За таа цел, потребно е да ги пратат на [email protected] следниве податоци:
– Име и презиме,
– Број на индекс.
Линкот за приклучување ќе им биде пратен на е-адресата од која ќе ги пратат овие податоци.

Со почит,
Организационен одбор