СТИПЕНДИИ „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ – II ЦИКЛУС ЗДРАВСТВЕН И ФАРМАЦЕВТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Повик за единаесетта меѓународна научна конференција
април 1, 2021
УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.АПРИЛ
април 1, 2021
Прикажи ги сите

СТИПЕНДИИ „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ – II ЦИКЛУС ЗДРАВСТВЕН И ФАРМАЦЕВТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Почитувани здравствени работници,

Имајќи го во предвид вашиот ангажман за справување со covid-19 пандемијата и зголемениот обем на обврски во изминатиот период, Европски Универзитет го продолжува рокот и ви овозможува да аплицирате за стипендиите „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“ во текот на цел месец април и мај, заклучно со 31.05.2021 година.

Повеќе информации за стипендиите и начинот на аплицирање можете да добиете во продолжение.

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“

НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

ЗА СТУДИСКА ПРОГРАМА ОД II ЦИКЛУС

„ЗДРАВСТВЕН И ФАРМАЦЕВТСКИ МЕНАЏМЕНТ“

Управниот одбор на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, во студиската 2021/2022 година ќе додели 3 /три/ стипендии „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“ на здравствени работници за студирање на II циклус постдипломски студии на Факултетот за економски науки – студиска програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“ во траење од 1 година, 60 ЕКТС кредити и звање „Магистер по економски науки во област Здравствен и фармацевтски менаџмент“.

Стипендија 1 Стипендија 2 Стипендија 3
целосна стипендија – 100% ослободување од обврската за уплата на годишна школарина делумна стипендија – 70% ослободување од обврската за уплата на годишна школарина делумна стипендија – 50% ослободување од обврската за уплата на годишна школарина

А П Л И Ц И Р А Њ Е

Право на аплицирање имаат сите здравствени работници државјани на Македонија, со завршено високо образование (*минимум 240 ЕКТС кредити) и просечна оценка од студии најмалку 8,00.

За да аплицирате по Конкурсот, пополнете електронска пријава и напишете кратко мотивациско писмо. Потоа, заедно со скенирани примероци од потребните документи, електронски доставете ги на e-mail адресата stipendii[email protected]

Апликацијата по Конкурсот и образецот за мотивациско писмо се достапни на следните линкови:

ПРИЈАВА ПО КОНКУРС

МОТИВАЦИСКО ПИСМО

Аплицирањето по конкурсот се врши во периодот од 29.03.2021 до 31.05.2021 год.

Стипендиите се доделуваат по случаен избор од сите пристигнати апликации на кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно Конкурсот, со извлекување кое јавно ќе се одржи во свечениот Амфитеатар на Европски Универзитет и ќе се пренесува во живо оnline преку платформата Zoom на ден 07.06.2021 во 12:00 часот. Овозможено е и физичко присуство на заинтересирани кандидати со почитување на здравствените протоколи за превенција од ширење на covid-19.

За дополнителни информации, обратете се до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

Конкурсот во интегрална форма (со продолжен рок на аплицирање) можете да го преземете на следниот линк:

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“ [ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ]

Ве очекуваме. Со почит.

 

Студирајте Европски!