Почитувани студенти,
Пријавувањето на првиот колоквиум во летниот семестар од академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 15.03 до 19.03.2021 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на првиот колоквиум ќе се спроведе во периодот од 29.03 до 02.04.2021 година, со примена на досегашниот комбиниран метод – on-line и со физичко присуство.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа кои колоквиуми ќе се спроведуваат on-line, а кои со физичко присуство на студентите, редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101, 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР (2020/2021)
За секој поединечен предмет пополнете e-Пријава за колоквиум, а потоа доставете гo пополнетиот формулар електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
Марија Цизалоска, [email protected]
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
Андријана Тунтевска, [email protected]
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
Наталија Андреева Галевска, [email protected]
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ
Надоместокот за пријавување е 460 денари за колоквиум. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.
Уплатница [пример]