Почитувани идни студенти,
Денес – 01.03.2021 (понеделник), официјално започнуваат уписите на I и II циклус студии во академската 2021/2022 година, на факултетите во состав на Европски Универзитет Скопје.
Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина и дополнително ви овозможивме поволности при упис за поднесување рана апликација во месец март.
Годишната школарина за првата година студии во академската 2021/2022 година за сите кандидати кои ќе поднесат апликација за упис на I и II циклус во месец март изнесува 950€ за Факултетот за детективи и криминалистика, Факултетот за арт и дизајн, Факултетот за економски науки, Факултетот за информатика и стручните студии за забни техничари. За академските студии на Факултетот за стоматологија школарината изнесува 1.950€.
За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образование, но ќе завршат/ матурираат оваа година. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2021.
Промотивните цени на школарина за месец март важат само со уплата на целиот износ во рок од 10 /десет/ дена од поднесувањето на апликацијата.
КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ
Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:
АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/2022 – I ЦИКЛУС
АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/2022 – II ЦИКЛУС
Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]
*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2021
Уплатница за школарина – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за стоматологија
Уплатница за школарина – Факултет за стоматологија (академски студии)
За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.
Ве очекуваме. Студирајте Европски!