Почитувани студенти,
Ве известуваме дека на 15.02.2021 започнува летниот семестар од академската 2020/2021 и продолжува наставата во комбинирана форма – online и/или со физичко присуство согласно утврдените протоколи за превенција од ширење на Covid-19.Предметните наставници/асистентите ќе ги спроведуваат наставните часови/вежби според еден од напред наведените методи или комбинирано, притоа водејќи сметка да се овозможи редовно следење на наставата од сите студенти.
Распоредите за предавања/вежби со назначена примена на соодветниот наставен метод (online/физичко присуство) ќе бидат истакнати од секој факултет поединечно, на почетната страна од официјалниот веб-сајт www.eu.edu.mk – рубрика Огласна табла, а истите ќе бидат објавени и на социјалната мрежа Facebook.
Пријавувањето (заверката) на семестар се врши во Студентската служба во периодот од 15.02 до 28.02.2021. Воедно, ве потсетуваме за подмирување на обврската за уплата на втората рата школарина најдоцна до 15.02.2021.
За дополнителни прашања можете да се обратите лично во студентската служба секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: studentska@eurm.edu.mk и на телефонските броеви 02 320 2100 и 02 320 2101.
Останете во добро здравје.
Студирајте Европски!