Почитувани,
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве информираме дека на ден 13.01.2021, Европски Универзитет Скопје склучи Меморандум за соработка со Медицинскиот Универзитет во Пловдив, Р.Бугарија.
Како државна високообразовна установа со 75-годишна традиција во областа на медицинската едукација и втор по големина во Р.Бугарија, Медицинскиот Универзитет во Пловдив има меѓународно реноме базирано на квалитетно образование, напредни медицински третмани и богата научно-истражувачка дејност. Изразуваме благодарност до МУП што го препозна квалитетот и потенцијалот на Европски Универзитет и пристапи кон официјализирање на соработката која што е прва од ваков тип во регионот – директна и отворена соработка помеѓу приватен и јавен универзитет од две различни држави.
Фокусот во оваа фаза е насочен кон Факултетот за дентална медицина во состав на МУП, за што во скоро време ќе бидат преземени конкретни чекори за реализација на одредени активности во областа на размена на академски кадар и студенти, специјалистички стаж, истражувачка работа на докторанти, заедничко учество во научно-истражувачки проекти, организација на заеднички симпозиуми и научни конференции и сл.
Со потпишување на Меморандумот, го направивме првиот чекор кон доближување на капацитетите на оваа институција од Европската Унија, со цел креирање дополнителна вредност во високото образование за сегашните и идни генерации студенти на Европски Универзитет, првенствено од Факултетот за стоматологија.
Со желби за долгогодишна и плодна соработка,
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје.