Посета на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР КОЛОКВИУМ – ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2020/21
декември 21, 2020
ФЕН распоред втор колоквиум – зимски семестар 2020-2021
декември 29, 2020
Прикажи ги сите

Посета на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“

Во текот на минатата недела проф. д-р Гордана Вренцоска, декан на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет го посети Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје.  На покана на професорот по костимографија и дизајн на облека Александар Рашковиќ таа за учениците од насоката Дизајн на текстил и облека одржа предавање на тема „Модата помеѓу традициите и глобализацијата“. Во рамки на посетата Вренцоска се сретна и со директорот на училиштето Филип Фидановски, со кој беа разговарани можностите за понатамошна соработка помеѓу двете образовни институции.