Почитувани дипломирани/магистрирани студенти,
Доделувањето на дипломите за завршено високо образование од I и II циклус ќе се одржи на ден 18.12.2020 (петок) со почеток во 11:00 часот, во големиот Амфитеатар на Европски Универзитет (простории 214+215).
Воедно, пригодно ќе се одбележи и патрониот празник на Универзитетот – Св.Никола Чудотворец.
Ве молиме да се придржувате кон утврдените мерки и протоколи за превенција од ширење на COVID-19, истакнати на влезот од Универзитетот. Носењето лична заштитна опрема која го покрива носот и устата (заштитна маска/марама) е задолжително. На лицата без лична заштитна опрема нема да им биде дозволен влез.
Ве очекуваме!