ON-LINE СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО “АКТУЕЛНОСТИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА”

ФС предавања со вежби 26.10.2020 – 08.11.2020
октомври 27, 2020
E-ФОРМУЛАРИ И ПРИЈАВИ
ноември 5, 2020
Прикажи ги сите

ON-LINE СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО “АКТУЕЛНОСТИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА”

ON-LINE  СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

АКТУЕЛНОСТИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА” – 14.11.2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Линкот за учество е испратен до сите учесници на email адресата со која што се имаат регистрирано.
Ќе ве замолиме да проверите дали имате добиено email со нашиот линк.
Во случај да немате добиено контактирајте не на email адресата за симпозиумот ([email protected]).

Симпозиумот е акредитиран од Комисијата за стручни стоматолошки прашања на Стоматолошка комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество

Симпозиумот  ќе се спроведува on-line преку платформата Zoom, во живо

За да пристапите до симпозиумот ќе Ви испратиме линк на Вашата е- адреса, со потребните податоци за регистрација и негово следење. За таа цел претходно ќе биде потребно да ја преземете апликацијата Zoom и да ја инсталирате преку линкот https://zoom.us/ пред регистрацијата. Инсталацијата е можна на компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон.

За време на симпозиумот може и активно да се вклучите со свои размислувања и размена на искуства со поканетите предавачи.

 

Живееме во време кога технологијата е двигател на секојдневието. Современата стоматологија ги следи и имплементира новите техничко-технолошки достигнувања, со цел подобро орално здравје.

Симпозиумот “Актуелности во стоматологија” ќе опфати дел од новините во стоматолошката пракса во светски рамки, благодарение на нашите ценети предавачи, кои ќе имате можност да ги слушнете на ден 14.11.2020 (сабота), online на платформата Zoom.us.

 

ПРОГРАМА

 

09:00- 10:00

Регистрација на учесници. Ве молиме следете го упатството за регистрација кое го добивте на е-адресата од која сте се пријавиле.

 

10:00- 10:30

Д-р Maja Aнтанасова Словенија

Врската меѓу порцеланот и денталните легури изработени со субтрактивни и адитивни CAD/CAM технологии За изработка на фиксно-протетички метал-керамички конструкции се почесто се применуваат субтрактивни и адитивни CAD/CAM технологии кои го заменуваат традиционалното леење на дентални легури. Истражувавме како новите CAD/CAM технологии за изработка на дентални легури влијаат врз jaчината на врската меѓу металот и порцеланот. За симулација на условите во усната празнина применивме термо-механичко циклирање. Изработивме 7 групи на метални легури со леење (Co-Cr, cpTi), CAD/CAM режење (Co-Cr, cpTi и Ti-6Al-4V) и со селективно ласерско топење (Co-Cr, Ti-6Al-4V). Легурите потоа ги пескаревме, ја одредивме нивната површинска рапавост и врз нив нанесовме дентален порцелан. Половина од метал-керамичките примероци од секоја група беа оставени во вода (24 часа, 37℃), додека другата половина беше подложена на термичко (6.000-циклуси, меѓу 5 и 60 ℃) и механичко (100.000-циклуси, 60 N) циклирање пред да биде одредена јачината на врската меѓу порцеланот и металот. Допирната површина меѓу металот и порцеланот ја анализиравме со FIB/SEM и EDS. Дебелината на оксидите на површината на титаниумовите легури ја одредивме со Auger-електронска спектроскопија (АЕS). Кај легурите на титаниум беше забележан поголем пад на јачината на врската со порцеланот по термо-механичко циклирање во споредба со падот забележан кај Co-Cr.

 

10:30- 11:00

Проф. Д-р Чагри Делилбаши – Турција

Инфекции после аугментација на максиларниот синус Аугментација на максиларниот синус е рутинска процедура со цел да се постават импланти во постериорниот дел на максилата. Регионот е предизвик поради спуштениот синус и квалитетот на коската. Има две главни техники за синус лифт и тоа директен и индиректен метод. И при двете техники опишани се бројни компликации. Иако процентот на компликации при индиректната техника се помали ова не е сигурна техника. Инфекцијата е една од опишаните компликации. Многу фактори играат улога во развојот на инфекциите. Во оваа презентација ќе бидат прикажани предизвикувачките фактори, клиничките симптоми и модалитетите на третманот на инфекциите по синус лифтингот.

 

11:00- 11:30

Доц. Д-р Јелена Попович– Србија

Повторна употреба на ендодонтските инструменти – перцепција на факторот за ризик Во стоматогијата од особена важност е да се спречи вкрстената контаминација и инфективните заболувања кај стоматологот, останатиот персонал како и пациентите.Особено  асептичната техника е посебно важна во ендодонцијата,бидејќи микроорганизмите се главни причинители за многубројните ендодонтски заболувања. За време на обработката на каналните системи, се формираат многу органски и неоргански остатоци кои се акумулација и  задршка на биолошкиот дебрис во спираните рабови и жлебови на ендодонтските инструменти. Внесот  на овие остатоци преку ендодонтските инструменти од еден на друг пациент е непожелен, бидејќи може да делува како антиген, инфективен агенс или неспецифичен иританс. Независно од каде потекнуваат, сите остатоци мора да се отстранат пред дезинфекцијата и стерилизацијата, бидејќи може негативно да делуваат на  ефикасноста на овие процеси. Резидуалниот биолошки материјал, може да остане атхериран на површината на користените ендодонтски инструменти, после стандардниот процес на чистење и стерилизација. Поради тоа постои ризик за потенцијално пренесување на инфективниот материјал, кај повеќекратната употреба на инструментите на други пациенти. Во литературата има податоци за пренесување на патогени по пат на крвта или ткивата од еден на друг пациент, преку  контаминирани инструменти.

 

11:30- 12:00

Проф. Д-р Лидија Поповска– Македонија

Теорија и пракса на минималната  инвазивна ендодонција Примарната цел на ендодонтската терапија е да го спечи проширувањето на инфекцијата од коренските канали.  Но,  не е од помала важност и сочување на забот во функција во подолг временски период преку сочувување на неговата издржливост и спречување на структурната деформација.  Најнов пристап во ендодонцијата е изведување на терапијата без компромис во нејзиниот кавлитет, а притоа да се направат само минимални промени во структурата на тврдите забни ткива. Оваа нова стратегија е наречена „минимално инвазивна ендодонција“. Со предвањето ќе бидат опфатени овие најнови клинички и експериментални сознанија кои ќе дадат преглед на овој метод на работа. Или поточно ќе се дискутира  каде е балансот помеѓу сочувувањето на забната структра и постигнување на целите на ендодонцијата.

 

12:00- 12:30

Проф. Д-р Ивона Ковачевска– Македонија

Ергономски мерки и препораки за заштита на докторите по дентална медицина Во текот на професионалниот ангажман, денталниот персонал е перманентно изложен на физички оптеретувања, кои се резултат на  неправилното држење на телото, или одредени делови од него, потоа повторувачките движења, вибрациите од механичките инструменти, звучните оптеретувања, изложеност на аеросолни капки и партикли, ограничувачките можности во видното поле и уште многу други фактори кои поединечно или интегрирано го афектираат мускулно-скелетниот комплекс и целиот организам воопшто. Со цел да се избегнат во колку е возможно, а ако не, да се минимизираат ваквите аномалии, со кои би се превенирало и заштитило здравјето на  денталните професионалци, во предавањето ќе бидат презентирани најчестите фактори кои предизвикуваат мускулно скелетни промени, а понатаму и ергономските мерки и препораки, преку кое би се подобрил и продолжил работниот век и квалитетот на живот на оваа експонирана популација.

 

12:30- 13:00

Доц. Д-р Емилија Костадиновска– Македонија

Микропропустливоста и јачината на врската кај Bulk fill композитните материјали Bulk Fill композити се воведени во стоматологијата со цел да се поедностави реставративната процедура  и да се намали клиничкото време за поставување на реставраци на бочните заби. Зголемената нивна транслуцентност овозможува  полимеризација  до длабочина од 4-5 mm. Индикации за употреба на Bulk fill композитните материјали се: реставрации во постериорната регија (кавитети I и II класа), реставрации на кавитети од V-та класа (кариес во вратот на забот, ерозии на корените, клинести дефекти), реставрации на млечни заби, превентивно залевање на фисури. Можат да се користат и за индиректни реставрации, шинирање, како и поправка на дефекти на керамички реставрации. Ниско – вискозните bulk fil материјали се користат како подлога во кавитетите, а може да се користат и кај минимална инвазивна тунел препарација. Меѓутоа се наметнува прашањето дали bulk fill композитите се компарабилни со конвенционалните композити во однос на нивната адхезија и микропропустливост кои се сметаат како едни од главните причини за неуспехот на реставрацијата. Затоа целта на нашата студија беше да ја оцениме микропропустливоста и јачината на врската помеѓу материјалот и тврдите заби ткива, кај различни композитни реставративни материјали, при примена на различни адхезивни системи и различна техника.

13:00 Дискусија

 

Вашето учество на симпозиумот ќе биде можно по извршената уплата и регистрација преку испраќање на меил на следната е-адреса: [email protected]

 

УПЛАТА

600 денари

Уплати ќе се примаат до 12.11.2020.

ОБНОВЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Поради големиот интерес за учество на симпозиумот се продолжува рокот за уплата до петок (13.11.2020).

 

Назив и седиште на примачот: Европски Универзитет

Жиро сметка: 300000002914983

Банка на примач: Комерцијална Банка АД- Скопје

Цел на дознака:  за Симпозиум, име и презиме, број на лиценца

 

РЕГИСТРАЦИЈА

По извршената уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се регистрирате со испраќање на е-меил на следната е-адреса: [email protected]; со следните податоци: име и презиме, број на лиценца, потврда за извршена уплата (скен од уплатница, т.е. слика во било кој формат).

Ве замолуваме за навремено регистрирање. На меил-от со кој ќе се регистрирате ќе добиете линк преку кој ќе можете да се приклучите на симпозиумот.

Линкот за приклучување кон симпозиумот ќе го добиете на 13.11.2020.

Сертификатите ќе ги добиете во електронска форма на Вашите е-адреси, додека бодовите автоматски ќе Ви бидат регистрирани во регистарот на Стоматолошката комора ( 8 бода пасивно учество, 12 бода активно учество).

Сертификатот нема потреба да се носи на увид во печатена форма во Комората.

 

ОБНОВЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Сите студенти можат да учествуваат во симпозиумот со што можат да добијат сертификат за присуство но не и поени бидејќи не поседуваат лиценца.

Сите студенти на Факултетот за стоматологија при Европскиот Универзитет може да го следат Симпозиумот на 14.11.2020, без да извршат уплата.
За таа цел, потребно е да ги пратат на [email protected] следниве податоци:
– Име и презиме,
– Број на индекс.
Линкот за приклучување ќе им биде пратен на е-адресата од која ќе ги пратат овие податоци.

Со почит,

Организационен одбор