ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE НАСТАВА И ВЕЖБИ, СПРОВЕДУВАЊЕ ИСПИТИ

ФС распоред октомвриска сесија 2020-2021
октомври 19, 2020
ФС предавања со вежби 26.10.2020 – 08.11.2020
октомври 27, 2020
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE НАСТАВА И ВЕЖБИ, СПРОВЕДУВАЊЕ ИСПИТИ

Почитувани студенти,

Со оглед на моменталната состојба со ширењето на Covid-19 и постојаното покачување на бројот на новозаболени лица, поради потребата од превенција на зараза и заштита на здравјето на студентите и вработените, Европски Универзитет ве известува дека воведува исклучиво on-line настава и вежби во наредните 2 недели (период 26.10 – 08.11.2020).

Одржувањето на вежбите со физичко присуство на Факултетот за стоматологија ќе се разгледува по истекот на периодот наведен во ова известување.

Закажаните испити во октомвриската сесија ќе се спроведуваат со физичко присуство на студентите во просториите на Универзитетот. Задолжително е почитувањето и придржувањето кон мерките и протоколите за превенција од ширење на Covid-19.

Одбраната на трудови (стручни, дипломски, магистерски) ќе се спроведува со физичко присуство на студентите во просториите на Универзитетот, а по исклучок и on-line за странски студенти и/или студенти кои од објективни причини не можат да бидат физички присутни.

Консултациите со студенти ќе се вршат исклучиво online.

Студентската служба и останатите служби ќе бидат физички присутни на Универзитет и сите административни услуги ќе ви бидат достапни во текот на работното време – од 08:00 до 18:00 часот. Препорачуваме on-line или телефонска комуникација и претходна најава за потреба од издавање/подигнување на документ, како и избегнување на подолго задржување и групирање. Е-mail адреса за комуникација: [email protected], тел.бр. 02 3 20 21 01 и 02 3 20 21 00.

По истекот на наведениот период ќе се донесе соодветна одлука согласно тековната ситуација со ширењето на Covid-19.

За информации во врска со распореди и останати известувања, редовно следете ги објавите на веб-сајтот www.eu.edu.mk и официјалната Facebook страна (@EuropeanUniversitySkopje).

Останете во добро здравје!

Со почит,

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ