Група студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет вчера ја посетија изложбата на Остен во Чифте Амам – Национална галерија. Посетата на изложбите за уметност и дизајн се редовна практика на факултетот, како дел од неговите програмски активности. Студентите ги придружуваа проф. д-р Јана Манева – Чупоска и доц. м-р Благојче Наумоски.