Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите од октомвриска сесија во академската 2019/20 година ќе се врши on-line во периодот од 01.10 до 07.10.2020 година.
Полагањето на испитите ќе се спроведе со примена на досегашниот комбиниран метод – on-line и со физичко присуство.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа кои испити ќе се спроведуваат on-line, а кои со физичко присуство на студентите, редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ОКТОМВРИСКА СЕСИЈА 2020
Пополнете го еФормуларот (пријава за испит) и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.
Уплатница [пример]
Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТ