ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО

ННС (181 седница) на Факултетот за арт и дизајн
септември 10, 2020
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА И ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Европски Универзитет воведува комбинирана форма на настава во зимскиот семестар од академската 2020/2021 година:

а) on-line, и

б) со физичко присуство на студентите, во согласност со утврдените Протоколи за превенција од Covid-19;

Значајно е тоа што предметните наставници/асистентите ќе ги спроведуваат сите наставни часови/вежби во просториите на Универзитетот – предавални и вежбални (соодветно опремени за on-line streaming на настава во реално време), според еден од напред наведените методи или комбинирано, притоа водејќи сметка да се овозможи редовно следење на наставата од сите студенти.

Распоредите за одржување настава по Факултети и распоредот на предавални/вежбални, ќе бидат објавени на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалната мрежа Facebook, пред почетокот на академската година.

Проверката на знаењето во зимскиот семестар од академската 2020/21 година ќе се спроведува со физичко присуство на студентите, во согласност со утврдени Протоколи за превенција од Covid-19. Оn-line проверка на знаење, по исклучок ќе се спроведува за странски студенти и/или студенти кои од објективни причини не можат да бидат физички присутни.

Бројот на расположиви места за физичко присуство во предавалните/вежбалните е определен согласно протоколите за превенција од Covid-19.

Интегралниот текст на Одлуката е достапен на следниот линк:

Odluka_nastava_2020_21

Со почит.