СВЕДОШТВА – Ариф Адеми

Промотивна цена на школарина за првата година студии (втор уписен рок)
јуни 30, 2020
СВЕДОШТВА – Андреј Бошњак
јули 9, 2020
Прикажи ги сите

СВЕДОШТВА – Ариф Адеми

Ариф Адеми: Европски универзитет е вистинско место за оние кои сакаат да научат и да се надградуваат

Ариф Адеми е студент во трета година на Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет, воедно стипендист на Ромска комеморативна универзитетска програма за стипендирање од Ромскиот едукативен фонд (РеФ). Тој е многу задоволен од студиската програма и односот на професорите и асистентите на факултетот, од кој, како што вели многу научил. Неговата желба е да стане адвокат и да и помага на Ромската заедница, затоа планира да го продолжи да учи и да се надградува.

Што беше пресудно да се запишеш на Факултетот за правни науки при Европски универзитет, Скопје?

Како млада личност која постојано сака да учи и да се надградува, сакав да го продолжам моето образование и да се запишам на факултет. Секако, пред да се запишан на Факултетот за правни науки претходно ја разгледав студиската програма која беше пресудна за мојата одлука каде да го продолжам моето образование. Исто така и моите пријатели имаа влијание врз мојата одлука. Врз основа на нивното претходно искуство тие ме советуваа да се запишам на еден од најдобрите универзитети во Македонија, односно на Европскиот.

Дали си задоволен од програма која се реализира на Факултетот за правни науки?

Да, секако дека сум задоволен тоа беше и една од причините зашто го одбрав овој факултет. Има и многу други фактори кои влијаат на тоа, а секако неизоставен дел е добриот однос и посветеноста на професорите. Благодарение на професорите кои низ многу практични примери ни го доближуваа предметот, а со тоа и дополнително нè мотивираат да се надградуваме. Исто така, многу ни помагаат и во поглед на  споделувањето на информации и дополнителни материјали кои во иднина многу ќе ми користи.

Што опфаќа студиската програма на Факултетот за правни науки?

Студиската програма на Факултетот за правни науки е три години. Секој студент има можност да избере по еден изборен предмет секој семестар во зависност од кон кој предмет има повеќе афинитети. Сите предмети кои се изучуваат се во компатибилност со потребите на реалниот сектор, односно на потребите на правосудството, нотаријатот, адвокатурата, судството, извршителите, медијаторите. Предмети кој мене ми се омилени и кои со задоволство ги учам се казнено право, малолетничка деликвенција, казнено-процесно право, како и други предмети од областа на човековите права.

На кој начин се реализира наставата на Факултетот за правни науки?

Во оваа академска година за првпат имавме можност да имаме предавање онлајн, бидејќи поради пандемијата со ковид-19 бевме спречени физички да бидеме присутни на предавањата. Но, секако тоа не нè спречи да имаме одлична соработка со професорите и асистентите кои несебично вложуваа напори да ни го доближат предметот со цел полесно да го совладаме дадениот материјал.

Каква е соработката со професорите и асистентите на Факултетот за правни науки?

Соработката со професорите и асистентите е навистина на високо ниво поради нивната достапност, ажурност и флексибилност. Тие знаат како да го пренесат материјалот за да ни биде полесно да го совладаме. Нивната желба и мотивираност да нè научат повеќе и подобро да го совладаме материјалот е она што нè тера напред. Среќен сум што имав можност да студирам на Европски универзитет и да стекнам знаења кои ќе ми помогнат несебично да помагам на својата заедница.

Дали би им препорачал на идните студенти да го изберат Европски универзитет – Скопје?

На идните студенти им препорачувам да се запишат на Европскиот универзитет кој важи за еден од најдобрите универзитети во Македонија. Секој студент што сака навистина да научи и да го надгради своето знаење Европскиот Универзитет е вистинското место за тоа. Јас ќе продолжам да се надградувам и моето знаење да го искористам за да и помогнам на Ромската заедница. Ќе продолжам на магистерски студии со цел да се стекнам со звањето магистер, што ќе биде уште еден чекор до остарување на мојот сон, а тоа е да станам адвокат.