Известување за упис во академската 2020/21 година

ФИ јунска испитна сесија 2019-2020
мај 7, 2020
ФПН јунска испитна сесија 2019-2020
мај 12, 2020
Прикажи ги сите

Известување за упис во академската 2020/21 година

Почитувани идни студенти,

Ве известуваме дека Европски Универзитет го дополни Конкурсот за упис на I циклус студии, така што во академската 2020/21 година може да се запишат и лица кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година и се   ослободени од обврската за полагање државна матура.

Условите за упис на оваа категорија кандидати се исти како и досега – рангирање по успех и интервју, без приемен испит.

Имајќи во предвид дека наставната година за учениците од завршните години во средното образование ќе заврши на 19.05.2020, Ве потсетуваме да ја искористите можноста за студирање со одобрени поволности. Аплицирајте или резервирајте уписно место најдоцна до 30.06.2020 и добијте  20% попуст на годишната школарина, односно 10% на Факултетот за стоматологија, до завршување на студиите и плаќање на рати. Сите потребни информации за аплицирање по Конкурсот за упис на I циклус, можете да ги добиете на веб-страната www.eu.edu.mk.

Дополнувањето на Конкурсот за упис на I циклус е согласно Уредбите (ИД) со законска сила за примена на Законот за средното образование и Законот за високото образование за време на вонредна состојба („Сл.Весник на РСМ“ бр.116/20), според кои е предвидено дека учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/2020 година се ослободуваат од полагањето на државна матура, училишна матура, завршен испит во средното гимназиско/стручно/уметничко образование и средното образование за ученици со посебни образовни потреби. Оваа категорија ученици можат да се запишат без државна матура на прв циклус академски и стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите, доколку се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година.

Ве очекуваме.

Студирајте Европски!