Студирање по промотивна цена

Конкурс за упис 2020/21
април 21, 2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ
мај 6, 2020
Прикажи ги сите

Студирање по промотивна цена

Почитувани идни студенти,

Искористете ја можноста за студирање по промотивна цена!

Сите кандидати што ќе аплицираат во првиот уписен рок (од 16.04.2020 до 30.06.2020), добиваат намалување на годишната школарина.

  • 20%       Факултет за детективи и криминалистика,

Факултет за арт и дизајн,

Факултет за економски науки,

Факултет за информатика

Факултет за правни науки (*само трансфер во 3-та год.)

Наместо 1.500, Вашата годишна школарина ќе изнесува 1.200 до завршување на студиите.

  • 10%       Факултет за стоматологија

Наместо 3.000€, Вашата годишна школарина ќе изнесува 2.700€ до завршување на студиите.

При Аплицирањето/уписот плаќате депозит од 300€ , односно 500€ на Факултетот за стоматологија.

Школарината ја плаќате на 3 рати : I рата, до 15.09 (*депозит при упис) ; II рата, до 15.02 ;  III рата : до 15.05.

Без скриени трошоци!

Во износот на школарината се вкалкулирани трошоците за: пакет учебници за секоја година, студентска организација, осигурување, како и еднократните трошоци за издавање Индекс и Студентска легитимација. На Факултетот за стоматологија, набавката на лекарски мантил и коленик е личен трошок на Студентоткој истите ги задржува и користи и по завршување на студиите.

Пријава на испит = 620 ден. во редовните рокови, за задоцнето пријавување 930 ден. по испит ;

Пријава на колоквиум = 460 ден. ;

Одбрана на дипломски труд со издавање уверение за завршен I циклус студии = 8.790 ден. ;

Одбрана на м-р труд со издавање уверение за завршен II циклус студии = 14.340 ден. ; Дипломска/магистерска одора = 500 ден. ;

Уверение за положени испити = 1.000 ден. ;

Потврда за редовен/вонреден студент = 100 ден. ;

Исписница = 12.340 ден. (*во случај на испишување).

Напомена : За да ги искористат поволностите, Апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образованиено ќе го завршат/ матурираат оваа година.

Во тој случај поднесената Апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2020.

Апликациите за упис се достапни на следните линкови:

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС ЦИКЛУС

https://www.eu.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/Aplikacija-za-upis-2020-21-I-ciklus-MK.pdf

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС II ЦИКЛУС

https://www.eu.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/Aplikacija-za-upis-2020-21-II-ciklus-MK.pdf

Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]

*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2020

Конкурси за упис (потребни документи)

КОНКУРС ЦИКЛУС

https://www.eu.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/MK-Konkurs-za-upis-I-ciklus-2020-21-EVROPSKI-UNIVERZITET-15.04.2020.pdf

 

КОНКУРС II ЦИКЛУС

https://www.eu.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/MK-Konkurs-za-upis-II-ciklus-postdiplomski-2020-21-EVROPSKI-UNIVERZITET-15.04.2020.pdf

Информации за уплата на депозит

https://www.eu.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/Uplatnica-za-depozit-EU-2020-21.pdf

*Факултет за стоматологија

https://www.eu.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/Uplatnica-za-depozit-EU-Stomatologija-2020-21.pdf

Ве потсетуваме и за можноста за плаќање годишна школарина на 12 и повеќе рати преку кредитите за студирање на Комерцијална банка АД Скопје, достапни по најповолни услови за студентите на Европски Универзитет. Повеќе информации во Студентска служба на тел.бр. 02/320 2100, e-mail: [email protected], како и во експозитурата на КБ лоцирана во управната зграда на Макпетрол-Скопје, тел.бр. 072/266 137.

Ве очекуваме.

Студирајте Европски!