Почитувани идни студенти,
Од 16.04.2020 официјално започнaa уписите на I и II циклус студии на факултетите во состав на Европски Универзитет, за претстојната академска 2020/21 година.
Редовно следете ги нашите објави на веб-страната www.eu.edu.mk и социјалните мрежи Facebook и Instagram. Следуваат поволности за сите кандидати кои ќе аплицираат во првиот уписен рок.
Интегралниот текст на Конкурсот за упис на прв ( I ) циклус академски-додипломски и стручни студии и Конкурсот за упис на втор ( II ) циклус академски-постдипломски студии во академската 2020/2021 година, е достапен на следните линкови:
Конкурс за упис I циклус додипломски студии 2020-21
Конкурс за упис II циклус постидпломски студии 2020-21
Апликации за упис:
Апликација за упис I циклус 2020/21
Апликација за упис II циклус 2020/21
Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]
*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2020
Информација за уплата на депозит во прв уписен рок
Уплатница за депозит 2020/21 (Факултет за стоматологија)
Ве очекуваме во што поголем број.
Студирајте Европски!