Почитувани студенти,
Имајќи ги во предвид активните мерки и препораки на Владата за заштита, превенција и спречување на ширењето на корона вирусот (Covid-19), Ве известуваме дека прекинот на изведување настава и останати наставни активности продолжува за време на прогласената вонредна состојба.
Исполнувањето на обврските по студиските програми ќе се реализира преку оn-line комуникација со предметните наставници и асистенти, преку соодветни методи и практики (e-mail, Skype, Viber, Messenger, Zoom платформа за настава и сл.). Колоквиумската недела се одложува, а завршниот испит ќе се организира во 2 дела кога ќе има соодветни услови за негово одржување.
Упатуваме апел да бидете внимателни, одговорни и да ги почитувате препораките за заштита и превенција како би го зачувале личното и јавното здравје.
Ажурирани информации во врска со мерките и препораките за заштита и превенција од корона вирусот (Covid-19), можете да добиете на следниот линк:
Останете дома во добро здравје.
Со почит.