Безболно чистење кариес- практична едукација на студентите

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
февруари 27, 2020
Запознавање на матурантите со Европски Универзитет
март 3, 2020
Прикажи ги сите

Безболно чистење кариес- практична едукација на студентите

Во рамките на Европскиот Универзитет  во организација на Факултетот за стоматологија беше реализирана практична едукација на студентите за безболна препарација на забите со најсовремена метода.

Методата air abrasion – воздушна абразија за првпат беше презентирана во Македонија и тоа на студентите на Факултетот по стоматологија при Европскиот Универзитет.

Оваа метода овозможува безболна и бесшумна  работа во устата на пациентот, без користење на класичните стоматолошки апарати.

Стоматолошкиот факултет при Европскиот Универзитет постојано е во тек со современите светски трендови во стоматологијата, кои континуирано се имплементираат во секојдневната едукација на студентите.