13-та по ред традиционална годишна изложба

Крводарителна акција
мај 30, 2019
Нов распоред за јунска сесија
јуни 5, 2019
Прикажи ги сите

13-та по ред традиционална годишна изложба

На Европскиот универзитет вчеравечер се отвори 13-тата по ред традиционална Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн, во присуство на претставници на Управата, наставниот кадар, студенти, соработници и гости. Големиот број посетители имаат можност да ги видат најдобрите дела на студентите од практичните активности реализирани во изминатата академска 2018/19 година, на првиот и вториот циклус на студии од насоките за графички дизајн, моден дизајн и дизајн на ентериер. На присутните им се обратија Ректорката на Универзитетот проф. д-р Јана Манева Чупоска, Деканката на Факултетот за арт и дизајн проф. д-р Гордана Вренцоска и претседателката на студентите на ФАД Александра Христовска. На настанот им беа доделени благодарници на надворешни соработници и партнери, меѓу кои Академијата Леонтиќ, Снежана Богдановска – Сани и Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе може да се посети до 7 јуни, во работните денови од 11.00 до 14.00 часот.