Проф.д-р Елизабета Стамевска – ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА
е-mail: [email protected]
Проф.д-р Елизабета Стамевска е вработена на Европскиот универзитет од неговото основање.
Родена е во Скопје, каде што го оформува високото образование и завршува магистерски студии од областа на МБА Менаџмент. Во 2012 година ја одбрани својата докторската дисертација, под наслов:,,Влијанието на корпоративното управување врз профитабилноста, ефикасноста и репутацијата на банките”, со што се здобива со научно звање: Доктор на економски науки.
Професионалната кариера ја започнува 2001 година, како директор на ММ Колеџ – Скопје, 2003 е поставена за заменик – генерален директор на Факултетот за општествени науки, а од 2005-2008 работи како заменик – генерален директор на Европскиот Универзитет – РМ.
Во периодот од 2008 до 2019 година ја извршува функцијата генерален секретар на ЕУРМ.
Март, 2013 е избрана во наставно – научно звање: доцент, а Ноември 2017 во вонреден професор на Факултетот за економски науки година, од областа Менаџмент. На прв и втор циклус, ги предава предметите:
На 1-ви Октомври, 2019 година, на предлог од Ректорот, од страна на Универзитетскиот Сенат е избрана за ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА.
Во изминатава декада, активно партиципира во работата на Ректорската конференција на приватните универзитети во РМ, а во Март 2020 година е избрана за Заменик – претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи во Македонија.
Mентор е на голем број магистерски и дипломски трудови, член на бројни Рецензентски комисии за оценка и одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови, Комисии за признавање испити, Комисии за избор на истакнати стручњаци од практиката за изведување клиничка настава и на други тела.
Во текот на нејзината академска кариера, избрана е во низа Организациони и Меѓународни програмски одбори, учествува на значајни Меѓународни конференции, симпозиуми, работилници, академски средби и дебати во земјава и странство, а се јавува и како рецензент на неколку учебници, повеќе научни, стручни трудови и останати публикации.
Проф.д-р Елизабета Стамевска е автор на три универзитетски учебници, авторизирани предавања и на над 70 трудови, објавени во меѓународни и домашни списанија, зборници, годишници и монографии. Ангажирана е на неколку значајни меѓународни научни проекти, а има остварено и студиски престои на странски универзитети, преку ЕРАЗМУС+ програмата за мобилност на наставен кадар.
За време на своето долгогодишно работно искуство во приватното високо образование, тесно соработува со Управниот одбор, Сенатот, Ректорската управа, наставниот и соработнички кадар на факултетите, како и со административно-стручните служби.
Како професор и проректор за настава, од научен и стручен аспект, учествува во изработката на мноштво елаборати, статути, студиски и наставни програми, правилници и други општи акти, кои директно се поврзани со функционирањето на Европскиот универзитет Скопје.
Уште од самите почетоци, во академската сфера, Проф.д-р Елизабета Стамевска е активен промотор на приватното високо образование, па, од тука, земајќи го предвид нејзиниот ангажман, од страна на Управниот одбор и Ректорската управа има добиено неколку пофалници и награди, за значаен придонес во севкупниот развој на Европскиот универзитет.
Години наназад, таа партиципира и во поширокото општествено опкружување, преку организација и учество во голем број хуманитарни акции, како: