Факултет за арт и дизајн


Факултетот за арт и дизајн е основан и акредитиран во 2006 година.

Повеќе

Студиски програми од прв циклус на студии на Факултет за арт и дизајн.

Повеќе


Студиски програми од втор циклус на студии на Факултет за арт и дизајн.

Повеќе

Преглед на ангажиран наставно – научен кадар на Факултет за арт и дизајн.

Повеќе

Обраќање на Деканот

Дизајнерско патување во 21-иот век

Уште од самите почетоци во 2006 година, Факултетот за арт и дизајн ја засноваше својата едукативна програма на најсовремените методи и пристапи во дизајнот: дизајнерското мислење - Design Thinking и решавањето проблеми со иновативен пристап, примената на дизајн процесот, интердисциплинарноста, концептуалноста и инклузивноста. Големиот број соработки и проекти со реномирани организации како МАТА, Британскиот совет, Хелен Хамлин центарот за дизајн од Лондон, Моден викенд Скопје, Холандската амбасада, Британската амбасада, Францускиот институт, Националната галерија на Македонија, Музејот на Македонија, Музејот на град Скопје, Јавна соба, Дизајн Австрија, Кластерот за текстил, ДЛУМ, Остен, Плакарт, како и компаниите од бизнис секторот, сведочат за квалитетот, креативната енергија и желбата за позитивен импакт во општеството што ја носат со себе студентите и кадрите на Факултетот за арт и дизајн. Дипломираните студенти ја збогатуваат дизајнерската сцена во Р. Македонија како нова критична маса која ги негува уметничките и интелектуални импулси во дизајнот, и која придонесува за развојот на нови бизниси и нови македонски брендови. На тој начин се демонстрира моќта на дизајнот, кој во 21-иот век се наметна како клучна „состојка“ во сеопштиот културен и економски развој на општеството.

Проф. д-р Гордана Вренцоска
Декан на Факултетот за арт и дизајн.