Упис на I и II циклус студии во академската 2021/22 година
Почитувани идни студенти,
Денес – 01.03.2021 (понеделник), официјално започнуваат уписите на I и II циклус студии во академската 2021/2022 година, на факултетите во состав на Европски Универзитет Скопје.
Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина и дополнително ви овозможивме поволности при упис за поднесување рана апликација во м.март.
Годишната школаринА за првата година студии во академската 2021/2022 година за сите кандидати кои ќе поднесат апликација за упис на I и II циклус во месец март изнесува 950€ за Факултетот за детективи и криминалистика, Факултетот за арт и дизајн, Факултетот за економски науки, Факултетот за информатика и стручните студии за забни техничари. За академските студии на Факултетот за стоматологија школарината изнесува 1.950€.
За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образование, но ќе завршат/ матурираат оваа година. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2021.
Промотивните цени на школарина за месец март важат само со уплата на целиот износ во рок од 10 /десет/ дена од поднесувањето на апликацијата.
КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ
Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:
АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/22 – I ЦИКЛУС
АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/22 – II ЦИКЛУС
Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]
*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2021
За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.
Ве очекуваме. Студирајте Европски!
ИНФОРМАЦИЈА ЗА АКТУЕЛНИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТРАНСФЕР ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022